Поранешниот американски ММА борец, Саша Перкиќ (38), познат како српски војник, почина откако бил избоден со нож во САД, каде живеел и работел.

  • Поранешната MМA ѕвезда е избодена до смрт, објави порталот „Амаркатњус“, пренесувајќи шокантни објави со кои многу пријатели се збогуваа од Перкиќ преку социјалните мрежи.

Играјќи со судбината, Перкиќ стана познат во 2017 година кога преживеал напад од крадци кои сакале да му го земат автомобилот и го прободеле десет пати со нож, но успеал да ги победи и да ја спречи кражбата.

Перкиќ се упатил кон дома кога автомобил со двајца луѓе во него го удрил одзади. Тој излегол да види што се случило и еден од патниците истрчал и се обидел да му го украде возилото. Кога сфатил што се случува, тој веднаш скокна врз напаѓачот и почнал да го удира.

  • Го зграпчив за рамената и го фрлив на земја. Се качив на него и почнав да го удирам. Тогаш почувствував болка во десното рамо и знаев дека сум прободен. Сè уште сум жив! Оној кој сака да ме убие, ме прави посилен, беа зборовите на Перкиќ по инцидентот кој се случил на 18 јануари 2017 година.

Околу неговата смрт нема многу информации, сепак, тој починал по инцидентот во кој бил прободен, објави „360НГ“.