Туркменистанецот Сулејман Турсунбајев (14) почина во својата земја откако беше жестоко претепан по освоен турнир во џудо. Според медиумите во Бахарден, непознати лица се обиделе да го принудат младиот спортист да загуби, со што тој категорично не се согласил.

Во финалето, Турсунбаев извојувал убедлива победа над ривалот, кадет на Институтот за внатрешни работи на Туркменистан и победил на натпреварувањето, што се одржа на почетокот на февруари во Бахарден. Веднаш по турнирот, 14-годишниот победник Турсунбаев е однесен во непознат правец од млади луѓе. Тинејџерот бил брутално претепан и оставен да умре на улица.