Младите уметници ќе се претстават со свои слики, а одделот за текстил со модна ревија

142

В петок со почеток од 21 часот ќе биде отворена годишната завршна изложба на скопското средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“. Петок, 9 јуни ќе биде ден за уметност во македонската метропола. Во училишната  галерија, а и низ сите атељеа во училиштето, младите уметници ќе се претстават со свои слики, мозаици,  рафики, цртежи, скулптури, ќерамики, но  и дигитални дела, видео клипови и анимации.

Настанот ќе биде збогатен и со модна ревија на одделот за текстил и облека.

Петнаесеттина креации од учениците под менторство на професор Елена Вангеловска ќе продефилираат низ црвениот тепих поставен во училишниот двор. Воедно, свој настап ќе има и култниот охридски Backdoor band.