Младите од опозицијата со 20 метарско платно од студентскиот дом „Гоце Делчев“ порачаа: „ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА!

65
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Во пресрет на утрешното чествување на годишнината на Гоце Делчев, Градскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во студентскиот дом „Гоце Делчев“ направи акција поставувајќи 20 метарско платно од зградата.

„Во жртвата нема степен.Таа завршува со чест и со име! Некои за пари клети, ние за идеали…“, пишува на платното.

Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на утрешното чествување на роденденот на нашиот великан Гоце Делчев во истоимениот студентски дом направи акција за да ги потсетиме сите дека Гоце е Македонија, дека Гоце Делчев е фигура којашто обединува и да кажеме НЕ на сите обиди на македонската Влада или на некои странски Влади да го злоупотребат споменот на Гоце Делчев за внесување поделби и раздор во македонското општество, истакна на денешната прес-конференција Борис Шамбевски, претседател на Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека на овој чекор се решиле бидејќи сите сме сведоци на невештото и по малку сервилно и недостоинствено постапување на властите во Македонија, почнувајќи од претседателот, парламентарното мнозинство и Владата кои чествувањето на споменот на нашиот великан го направија безбедносно прашање за кое дури заседаваше и Советот за безбедност.