Младите извршија дезинфекција на куќите и станбените згради во Свети Николе

46

На иницијативата на локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Свети Николе, а во координација со комуналното претпријатие „Комуналец” и претседатели на младинските активи на најголемите политички партии се реализираше акција за дезинфекција на сите индивидуални и колективни објекти и јавните површини на територија на град Свети Николе, соопшти денеска градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

– Оваа акција ја реализираа младите на Локалниот клуб на СДММ – Свети Николе и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ – Свети Николе, како и мобилните тимови на Општина Свети Николе. Би сакал да упатам јавна благодарност до сите млади учесници во оваа акција, кои уште еднаш потврдија дека, кога се работи за јавното здравје на нашите сограѓани, не е потребна политика, вели Велковски.

Тој истакна дека од страна на институциите што се под ингеренции на локална самоуправа, набавени се 32 грбни пумпи на батерии со кои 32 млади волонтери ја извршија дезинфекција на дворовите во сите индивидуални и колективни згради во градот. Вакви акции ќе бидат спроведени и во сите рурални населби на територијата на општината.

Извор:МИА