Младешката желба стварност во шестата деценија: Ја потрошила целата заштеда и го истетовирала целото тело

139
Поранешната германска манекенка Керстин Тристан реши да се израдува со тетоважите што ги посакуваше цел живот. Имено, на 50-годишна возраст, таа реши да ја исполни својата младешка желба, а за нејзино исполнување потроши 35 илјади евра последните пет години.

Таа верува дека цвеќето и пеперутките, кои се наоѓаат на скоро 90 проценти од нејзиното тело, и носат позитивна енергија, а како што и самата рече, не можела повеќе да ја поднесува кожата, па ги вложила сите заштеди за да се истетовира.

– Само што сакав да пробам нешто ново. Сите живееме само еднаш и мислев дека на моја возраст мора да дојде нешто реално. Кога ќе се погледнам во огледало, гледам прекрасна ливада – рече овој поранешен модел.

Таа редовно објавува фотографии од своите тетоважи на Instagram

Извор:www.worldnewsdna.com