Младен Чадиковски е нов претставник на новинарите во Советот за евроинтеграции

58

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Младен Чадиковски е нов претставник на ЗНМ во Националниот совет за евроинтеграции при Собранието на Република Македонија.

Главни задачи на Националниот совет се да го следи и оценува текот на активностите за добивање членство на Република Македонија во Европската Унија; да дава мислења и насоки во врска со подготовките за започнување на преговорите за добивање членство во ЕУ; да разгледува информации за процесот на преговарањето; да дава мислење за усогласување на законодавството на Република Македонија со правото на Европската Унија итн.

Советот има претседател, потпретседател, 15 члена и девет заменици членови, и тоа: девет члена од редот на пратениците во Собранието, кои имаат свои заменици и шест члена од други институции: заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, претставник од Кабинетот на претседателот на РМ, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата на РМ, претставник од Македонската академија на науките и уметностите, од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и од Здружението на новинарите на Македонија. Овие шест членови учествуваат во работата на Советот без право на одлучување.

Оваа волонтерска позиција во изминатиот мандат ја вршеше претходниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани.