Нова голема трагедија го потресе спортот. Една од најмладите учеснички на Олимпијадата во Токио почина за време на тренинг. Станува збор за 17-годишната  едриличарка Еји Гуезгез, која на 16 години се натпреваруваше на најголемиот спортски настан во светот.

Како што пишуваат бројни медиуми, силен ветер ја превртел нејзината едрилица, а потоа потонала. Покрај Еји, со неа била и нејзината сестра Сара, која со крајни напори успеала да се извлече до копното.