Млада Месечина во знакот Овен на 1 април! Енергија на нов почеток!

721

Млада Месечина во знакот Овен на 1 април 2022 година! Енергија на нов почеток во знак кој зборува за почетоци, пробив, брза акција, импулс, акција сега и веднаш. Во утринските часови во петок на 1 април ќе имаме млада Месечина во знакот на Овен.

Младата Месечина е подеднакво нов почеток, оној кој најмногу ја покажува својата сила во првите две недели од влијанието, а целосното влијание се протега во следните шест месеци.

Од 1 април ќе почнеме повеќе да се фокусираме на своите потреби, но и ќе добиеме желба да ги покажеме своите лидерски квалитети, а сето тоа ќе соодветствува со енергијата на Овенот. Младата Месечина, пак, ќе нè поттикне да дадеме сè од себе – време е да покажеме колку знаеме и умееме!

Младата месечина во Овен ја буди нашата заспана енергија, ни дава храброст, решителност и волја да го промениме она во што се чувствуваме заглавени и несреќни. Ќе не поддржи да го постигнеме она за што се грижиме и што ни значи.

Искористете ја моќта на оваа млада Месечина и насочете ја својата енергија на остварување на сопствените потенцијали. Тоа го бара животот од нас. Ќе видите дека кога избирате – добро, доброто доаѓа до вас! Не плашете се да ја прифатите промената!