МКЦ ги одложува настаните и програмата на МОТ од денес до четврток

44

Младинскиот културен центар ги одложува настаните (воедно и програмата на МОТ) закажани за денес, утре и задутре (23, 24 и 25 ноември).

„Сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија. Посакуваме побрзо закрепнување на останатите патници“, стои во соопштението од МКЦ.

Оттаму истакнуваат дека публиката навремено ќе биде информирана за новите датуми на одржување на настаните.