МКЦК: Најмалку 100 загинати во воздушните напади на коалицијата врз затвор во Jемен

49

Најмалку 100 луѓе загинаа во воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз јеменски затвор, соопшти денеска Меѓународниот комитет на црвениот крст.

Шефот на делегацијата на МКЦК во Јемен, Франк Роченштајн, изјави дека спасувачите продолжуваат да ги вадат телата на жртвите од урнатините на затворот во Дарам.
Бунтовниците соопштија дека повеќе од 50 се повредени и дека има загинати и провладини борци.

Коалицијата соопшти дека нивната цел била складиште за дронови и ракети.
Граѓанската војна во Јемен трае од 2015 година.