Ми се чини дека парите се пред луѓето

44

Марк Овермарс, кој моментално ја извршува функцијата на технички директор во редовите на Ајакс, призна дека е многу разочаран од планот на Холандскиот фудбалски сојуз да се доигра остатокот на сезоната иако светот е погоден од пандемијата со смртоносниот вирус Ковид-19.

  • Нашиот сојуз се крие зад одлуката на УЕФА. Ми се чини дека парите се пред луѓето и тешко ми е тоа да го разберам, затоа што ние не сме толку зависни од парите од продажба на ТВ правата како што се Англија, Шпанија, Германија и Италија. Ова е срамна одлука. Во Холандија секојдневно умираат по стотици луѓе, а однесувањето на челниците на УЕФА и Холандскиот сојуз може да се спореди со минатонеделните изјави на претседателот на САД, Доналд Трамп дека економијата е поважна од борбата со коронавирусот, изјави Овермарс.