Ми остана да остварам само уште една цел

162

Германскиот тенисер Александар Зверев, се закити со титиулата на завршниот мастерс турнир во Торино. Тој во фоналето полесно одо очекуваното го совлада Русинот Данил Медведев со 6:4, 6:4. Третиот тенисер во светот во двата сета направи по еден брејк и по втор пат во кариерата го подигна пехарот на завршниот мастерс турнир.

Зверев стана само четвртиот тенисер кој на патото до титулата на завршниот турнир го победи првиот и вториот играч во светот. Тој во полуфиналето беше подобар од светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ со 7:6, 4:6, 6:3.

-Моите чувства не можат да бидат подобри. Среќен сум, задоволен како сезоната помина. Јасно е дека годината за мене беше одлична, освојувањето на титулата на завршниот мастерс турнир е неверојатно, изјави Зверев.

Германецот, кој се закити и со олимписката титула на Игрите во Токио, во август годинава ја прекина победничката низа на Медведев од пет победи во меѓусебните дуели.

-Знаев дека морам да играм најдобро што знам за да победам.  Мислам дека имав одлична игра, задоволен сум од своите перформанси денеска. Ако го пуштите Данил да влезе во теренот, да има долги размени ќе имате тешка задача. Тој е еден од најдобрите играчи во светот од осбовната линија. Кога играте против него мора да ја држите контролата на играта во свои раце. На овој натпревар се функционираше ккао што треба, истакан Зверев и воедно откри која е неговата следна цел.

-Ми остана само една цел. Се надевам дека ќе успеам да ја реализирам наредната сезона, заврши Германецот.