Ми кажа дека може да ме купи, е толку е глуп!

213

Емануел Фрипонг и Самир Насри беа тимски колеги кога Арсен Венгер беше менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал. Интернационалецот од Гана тогаш имаше 19 години и се обидуваше да пробие до првиот тим, додека пет години постариот Французин имаше статус на голема ѕвезда.

Поради серијата тешки повреди Фрипонг мораше да се пензионира на 27 години, но во последното интервју кое го даде за „The Athletic“, откри дека и понатаму не може да го смисли Насри кој се обидува да ја оживее својата кариера во дресот на Андерлехт.

-Насри не би ми се допаднал како личност дури и да ми дадете пет милијарди долари, изјави Фрипонг кој потоа се присети на конфликтот со Насри која се случи во соблекувалната на „топчиите“.

Во август 2011 година, Ливерпул го победи Арсенал со 2:0 на „Емирати“, а клучен момент беше црвениот картон на Фрипонг. За разлика од менаџерот кој не сакаше да покаже со прст кон него и да го обвини дека е главен виновник за поразот, истото не го направи и францускиот интернационалец.

-Застана пред сите играчи и кажа дека сме загубиле поради мене. Можам тоа да го разберам, но размислувам – зошто тоа да му се каже на еден млад играч кој го одигра само вториот професионален натпревар во кариерата? Зошто тоа да му се направи на еден толку млад фудбалер во тој момент?, откри Фрипонг.

Неколку недели подоцна, Насри се пресели во редовите на Манчестер Сити, а Французинот бил дрзок и безобразен и за време на нивниот меѓусебен дуел кој заврши со минимален триумф на „граѓаните“ од 1:0.

-За време на натпреварот ми кажа дека може да ме купи. Ете, толку е глупо тоа момче. Можеби и можеше да ме купи, тогаш имаше милиони, но не покажа никакво почитување. Му кажав дека не ми се допаѓа, дека не го почитувам и дека никогаш нема да го почитувам како професионален фудбалер, откри Фрипонг.

Иронично, Винсент Компани го донесе Насри во редовите на Андерлехт со цел да влијае врз развојот на помладите фудбалери.