Ми збореа дека сум дебел и глуп

169

Новите сопственици на англискиот премиерлигаш Њукасл и официјално стави крај на соработката со Стив Брус кој беше менаџер на „црно-белите“ од 2019 година. Брус доби отказ откако во неделата го одработи и 1000 натпревар во менаџерската кариера. Њукасл со 3:2 го загуби дуелот против екипата на Тотенхем, но тој пораз не се покажа како клучен за прекинот на соработката затоа што новите сопственици на Њукасл претходно го информираа дека се во потрага по нов менаџер.

Искусниот стручњак беше предводник на Њукасл на 97 натпревари, на кои забележа 28 победи и освои во просек 1.15 бодови. Во последното интервју кое го даде за „Телеграф“, Брус откри дека повеќе не можел да се носи со целата ситуација.

  • Мислам дека ова ми беше последната работа во мојата кариера. Не е во мене проблемот, но целата работата стана премногу стресна за мојата фамилија. Од првиот ден во Њукасл ми беше многу, многу тешко. Мислев дека се можам да издржам, но тоа беше неиздржливо. Не ме сакаа, збореа дека нема да успеам, дека сум бескорисен, дека сум дебело сметало, дека сум тактички неспособен… И така од првиот ден. Кога имавме добри резултати збореа: „да, но неговиот фудбалски стил е ужасен“. Збореа дека сум имал среќа. Неверојатно. Не бев добар и кога беа добри резултатите, изјави Брус.

На крајот легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед се заблагодари на сите кои му дале подршка.

  • Ми беше чест што бев дел од толку голем клуб, кој има невидена подршка од навивачите. Се надевам дека новите сопственици ќе бидат успешни и ќе ги израдуваат најверните фанови. Сакам да му се заблагодарам на мојот тим, на моите играчи. Имавме успони и падови, но тие секогаш го даваа максимумот и мора да бидат горди на тоа, изјави Брус кој доби 8 мил. фунти за предвремениот прекин на соработката.