Спортското новинарство во Италија од неодамна доби нови форми. Најголема заслуга за тоа има Дилета Леота, официјално најубавата личност во Серија А. Популарната италијанска спортска новинарка привлекува внимание каде и да се појави, иако, како што вели, не е сè толку сјајно и лесно.

Во едно интервју, Леота си ја отвори душата и зборуваше за грдите страни на нејзината работа и предрасудите што владеат во Италија.

  • На почетокот не беше лесно, една колешка ми рече дека ме донеле само поради моите гради, изјави Дилета, која пред неколку години ја напушти популарната телевизија „Скај Спорт“ и реши да работи за сателитската телевизија „ДАЗН“.