Мијалков се појави пред Обвинителството – во Македонија сум!

159

Мијалков се појави, не се дал во бегство. Пред неколку минути екс директорот на УБК Сашо Мијалков, се појави пред Обвинителството во Скопје, откако два дена полицијата го бара и по него распиша меѓународна потерница.

Мијалков во ексклузивната изјава за ТВ24 рече дека е дојден да го подигне решението за куќен притвор, и дека бил изолиран поради висока температура што ја имал вчера.

Се извини на целата македонска јавност и на Владата за се што се случи, и уште еднаш повтори дека не е негов стил да бега.

– Оној којшто ме познава знае, јас кога ќе дадам збор не го погазувам. Јас јавно дадов збор дека нема да побегнам никогаш. Се случи тоа еден ден во изолација – вчерашен еве гледате непријатности, изјави Мијалков за ТВ 24 пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.