Мишо Ковач хоспитализиран на пулмологија

1656

Легендарниот хрватски пејач, Мишо Ковач, моментално се наоѓа во сплитската болница во Фируле, пишува Слободна Далмација.

Како што дознаваат, Мишо синоќа бил одведен на пулмолошкиот оддел во болницата, два дена откако добил висока температура. Мишо бил тестиран за коронавирус, но наодите покажале дека тој и неговата сопруга Лидија се негативни, па лекарите се сомневаат на пневмонија.

Пејачот овој јули наполни 80 години.

-Не можам да зборувам, не ми е добро, накратко изјави за Слободна Далмација, неговата сопруга Лидија.

Ковач засега се чувствува добро.