Мицотакис со уверување до Грците: Грчкиот банкарски систем е силен и депозитите ви се заштитени

39

Наспроти светската финансиска бура што се разви во последните седмици, сакам уште еднаш да ги уверам сите грчки штедачи дека грчкиот банкарски систем е силен и дека нивните депозити се заштитени, порача премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис од Брисел пред почетокот на Самитот на ЕУ.

Мицотакис истакна дека економски, Грција е во многу позајакната позиција за разлика од 2019 година, додавајќи дека економијата брзо расте, невработеноста се намалува, исто како и јавниот долг, а земјата веќе е шампион во привлекувањето странски инвестиции.

Посочи дека тоа ѝ овозможува на грчката Влада да продолжи со мерките за поддршка на граѓаните во справувањето со поскапувањата, но и дека им влева оптимизам дека „најдобрите денови за грчката економија сè уште се пред нас“.