Мицко Дамњановски е нов уметнички раководител на Операта при НОБ

33

Мицко Дамњановски e назначен за нов уметнички раководител на Операта, информираа од Националната опера и балет. Дамњановски доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска која беше уметнички раководител од септември 2017 до 2021.

Мицко Дамњановски 2002 година дипломира на факултетот за Музичка уметност, отсек – туба, а магистрирал 2006 година на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек – туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската Филхармонија. Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар), како и гостин тубист во Нишкиот симфониски оркестар, Национална опера -Тирана, Црногорски симфониски оркестар. Основач е на Брасстет Скопје во 2019 година со настапи на „Охридско лето“ и други фестивали низ земјата.