Мицкоски: Францускиот нон-пејпер: Oдржливост, не само реторика

73

„Сега се наметнува правилото на реверзибилност. Доколку отворите поглавје, го преговарате и го затворите и потоа  не се придржувате до договореното, тогаш има можност да ве вратат од почеток. Е, сега, таа можност може да биде објективна или пак, да биде субјективна, ако некои земји членки испорачаат до вас субјективни барања, а вие во тој момент не сте подготвени да ги прифатите, како црвени линии и тн.“, рече Мицкоски.