Мицкоски: Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи

40
Мицкоски изразува убеденост дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори и дека тој ќе биде мандатар, посочувајќи дека бројот на пратеници што ќе ги освои коалицијата ќе зависи од излезеноста на гласачите, што според актуелните анкети е речиси за 20 отсто помалку споредено со неколку последни изборни циклуси.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во интервју за МИА зборува за програмата со која коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да освои што повеќе гласови на претстојните избори, за средбите со граѓаните со почитување на мерките за Ковид-19, за тоа како да се зголеми излезеноста на изборите, за кампањата и спотовите што предизвикаа реакции во јавноста, за можните коалиции…

 

 

Мицкоски изразува убеденост дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори и дека тој ќе биде мандатар, посочувајќи дека бројот на пратеници што ќе ги освои коалицијата ќе зависи од излезеноста на гласачите, што според актуелните анкети е речиси за 20 отсто помалку споредено со неколку последни изборни циклуси.

-Јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија” ќе бидат сериозно побединички на овие избори кои ќе се случат на 15 јули и се надевам дека претседателот Пендаровски ќе го даде мандатот на победничката коалиција. Кандидат за мандатор на победничката коалиција сум јас, посочи Мицкоски.

Цени, како што вели, дека ДИК ќе ги преземе сите мерки избирачкиот процес да помине непречено, а од друга страна да биде заштитено здравјето на гласачите.

-Ние на секој настап, на оние мини собири со граѓаните, ги повикуваме граѓаните дека треба да се излезе, дека е значајно да се излезе во што е можно поголем број. Иако да бидам искрен според анкетите во овој момент излезеноста би се движела меѓу 45 проценти плус минус, ете пет проценти, за разлика од порано кога ние сме имале избори кога под 63, 64 па дури под 65 проценти не била излезеноста. Значи отприлика 20 проценти помалку. Но, мислам дека во деновите што следат пред нас ќе има можност граѓаните се запознаат поблиску со програмата која што ја нудиме, вели Мицкоски.

Неговата порака до граѓаните е да си го чуваат и да си заштитат здравјето имајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, а на изборите масовно да излезат и да гласаат за опозицијата.