Мицкоски: Работиме на носење на голема странска инвестиција во Битола

398

Во индустриската зона „Жабени“ во Битола, идната Влада што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и идниот градоначалник Тони Коњановски сериозно ќе работат на една голема странска инвестиција, изјави денеска претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Битола.

Мицкоски посочи дека во наредниот период ќе биде соопштено името на компанијата.

Ќе ве молам да оставите на времето да покаже која ќе биде таа голема странска инвестиција што во наредниот период ќе дојде и ќе инвестира овдека во Битола. Да не бидеме како тоа што го правеше Зоран Заев и Владата на СДСМ, лиферувајќи имиња од типот на голем германски инвеститор во автомобилската индустрија, па фејсбук, па гугл, па последно на едно наше заедничко соочување ИКЕА ја споменуваше, и уште ред други имиња кои што ги споменуваше. Не би сакал да наликувам на човек што споменува имиња бидејќи и самите тие нормално дека не би сакале да се открие тоа име. Но, јас сакам да откријам и со сигурност да кажам дека во периодот што следи идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и идниот градоначалник Тони Коњановски ќе донесат голема странска, мултинационална компанија што ќе инвестира и ќе обезбеди во почеток неколку стотици, а во подоцнежна фаза и повеќе од неколку илјади нови работни места овде за Битола и за битолчани, и за Пелагонија, посочи Мцкоски.

Мицкоски денеска во изјава за медиумите нагласи дека во иднина тие ќе се Влада која ќе се занимава за решавање на проблемите на граѓаните, Влада која, како што рече, ќе создава услови за инвестиции.

На новинарско прашање за актуелната енергетска сосојба во државата, Мицкоски одговори дека земјава веќе е во енергетска криза.

Македонија е пред енергетска криза која ќе се одрази и со рестрикции на електричната енергија која граѓаните ќе ја почувствуваат уште од наредниот месец ноември. Од она што го имам како информација е дека се подготвува и во енергетските компании план за рестрикции. Не знам колку е тоа вистина, но таа информација дојде до мене. Значи се враќаме 30-40 години назад во времето, со оваа Влада на СДСМ се е можно, вклучително и рестрикции и враќање назад, истакна Мицкоски и додаде дека тој предупредувал оти поради нестручноста и лошата енергетска политика на СДСМ, Македонија ќе биде пред енергетска криза.