Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Охрид изјави дека ако има лидерска средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, тоа би било наредната недела за да има време потоа да се донесе законот за Јавно обвинителство во собранието, за кој очекува да има двотретинско мнозинство.

Мицкоски кој исто така денеска беше во Охрид, рече дека не планира да учествува на средба само заради ред.

Кажа дека следната недела работните групи ќе имаат средба ако ги доближат ставовите може да се зборува за одржување лидерска средба. Мицковски рече дека СДСМ сакаат да се донесе закон кој во иднинс ке ги штити криминалните структури на СДСМ.