Мицкоски: Притвор за Катица Јанева, власта стои зад „Рекет”

131

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски денеска на прес-конференција по апсењето на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и бизнисменот Кичеец во случајот „Рекет” истакна дека има злоупотреби на медиум, тргување со правдата, финансиски интереси и политички мотиви.

-Ова не е возможно без закрила од самата вртешка на власта. Вчерашната акција е театар да се спасат нарачателите на криминалот, како Катица Јанева и да не се дознае каква монструозна гарнитура владее со државата, вели Мицкоски.

Според него Заев бил неколку пати фатен жив во криминал.

– Зар некој мисли дека врвот на власта не е зад овој скандал. Јавно предупредив на криминалот на СЈО и дека се злоупотребува за политички цели, а Заев жестоко се спротивстави и ја бранеше Јанева која беше неговата црвена линија. Денот започна со нервозна конференција на која повика на лидерска и приведување на двајца за рекет. Следеше и условена оставка на Катица Јанева која всушност не е оставка. Вистинската причина не е зошто е личност со високи морални принципи, туку излезно сценарио од тоа дека е до гуша во криминал, изјави тој.

Мицкоски додава дека од Рускоска обвинителството и одзеле само мобилен на Катица Јанева.

– Каде се „Флики и Кики” кои вршеле уцени? Тука се вклучени директно лица од власта. Дали е точно дека силата на Катица е од Заев кој еднаш и рече „не се секирај се ќе биде во ред”. Дали при средба во домот на првообвинетиот чест гостин е висок функционер на СДСМ со Јанева каде се договарале понатамошни постапувања? Дали е точно дека заштита се високи функционери од СДСМ?, прашува Мицкоски.

Тој уште и праша дали е вистина дека Јанева ја имало во разговорите со првообвинетиот и дали е точно дека и други лица завршиле работа со обвинители и власта да не подлегнат на обвинение.

– Компромитираното СЈО е завршена работа, а сега треба да има притвор за Катица Јанева и сите вмешани, зошто исполнети се сите услови за ваква мерка. Има можност за повторување на делото зошто Јанева уште е прв човек на СЈО, има можност за бегство и за влијание, вели Мицкоски.