Мицкоски положи цвеќе придружуван од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ/ФОТОГАЛЕРИЈА

99

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и високото раководство на партијата, членови и симпатизери од седиштето на партијата стасаа пред црквата Свети Спас и положија цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев, во дворот на црквата.

Нив им требаше подолго време да стигнат до местото, а во 13 часот се очекуваат да стигнат и претставници од соседна Бугарија.

Фото: П.Стојановски

Претходно, заврши официјалното чествување пред гробот на Гоце Делчев кога почит оддадоа претеседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и дел од министрите во владата, пратеници, градоначалници.