Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски предлага сите обвинители од СЈО да се вратат во матичните обвинителства

Мицкоски предлага сите обвинители од СЈО да се вратат во матичните обвинителства

97

ВМРО – ДПМНЕ не може да прифати сите обвинители од СЈО да се приклучат на јавното обвинителство за организиран криминал, а Катица Јанева да биде унапредена за две скалила – во републички јавен обвинител со оглед на тоа што доаѓа од основно јавно овиниелство, тоа би било голема неправда до сите останати обвинители во државата, порача Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

– Тоа го нема во ниту еден случај во светот, а е и грубо прекршување на се уште важечкиот закон за СЈО – истакна Мицкоски и предложи сите обвиниели да се вратат во матичните обвинителства, а да се истражи инволвираноста на Катица Јанева во аферата „Рекет“ и нејзините релаиции со двајцата осомничени кои се во притвор како и на високите функционери од СДСМ.

Според Мицкоски, со фузијата што ја предлага СДСМ, власта прави атак врз политичките неистомисленици, а сака да ги амнестира криминалите на врхушката на СДСМ.