Мицкоски: Оние кои веруваат дека изборите ќе бидат регуларни во 2024 година, ќе се уверат дека избори ќе има напролет

358

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Патот кон…“ на ТВ Алсат кажа дека има механизми да ја принудат власта да прифати брзи парламентарни избори, не прецизирајќи кои би можеле да бидат тие.

„Оние кои велат дека изборите ќе бидат регуларни во 2024 година, ќе се уверат дека ќе има избори напролет“, вели тој.

Колку подолго оваа, како што вели, „некредибилна“ власт, останува таму каде што е, толку повеќе ќе губат македонските граѓани. Тука нема етничка припадност, губат буквално сите, вели Мицкоски.