Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Одлуката за недобивање датум е пораз на политиките на Заев и...

Мицкоски: Одлуката за недобивање датум е пораз на политиките на Заев и оваа власт

78

Недобивањето на датум е лоша и непосакувана вест за Македонија. Треба да бидеме свесни дека државата влегува во разочарување и сето ова е последица на погрешните политики водени во последните неколку години, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ќе се согласам дека ваквата одлука за недобивање датум е пораз, но тоа не е пораз на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, тоа е пораз на политиките на Зоран Заев и оваа власт. Тоа е политика без концепт, без визија со многу криминал, корупција, арамилук, неработа и измама, рече Мицкоски и додаде:

„Оправдано се добива чувството кај граѓаните дека таа политика не` втурна во бесконечен круг на многу откажувања, подголтнувања, за на крајот сето ова да заврши со неуспех“.

Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, има пријатели во Европа, а ЕУ продолжува да биде наша стратешка цел.

-Нема датум затоа што нема реформи, народот живее тешко, имаме систем во распаѓање и власт која е заштитник на неправдата.