Мицкоски: Оваа влада ќе падне на масовни граѓански протести

49

Нова влада со стари, истрошени, компромитирани и транзициски кадри. Кадрите се исти и стари, но и ветувањата се стари и истите оние што не ги исполнија, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и најави дека неговата партија, освен жестока критика, ќе организира и масовни граѓани протести.

„Ако ме прашувате каква иднина нѐ чека, оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. И мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини и европска иднина“, рече Мицкоски.