Мицкоски: Не е точно дека Камчев ќе ни ја финансира кампањата

100

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ДВ вели дека избори на 12 април мора да има. Неспособниот радикализам на Заев ќе го заменам со умерен патриотизам, најавува Мицкоски.=

На прашањето како ќе се финансираат за претстојните избори, Мицкоски вели:

– ЗАШТЕДИВМЕ ОД ГОДИШНОТО ФИНАНСИРАЊЕ ШТО ГО ДОБИВМЕ ОД ДРЖАВАТА И ТИЕ ПАРИ ЌЕ ГИ ТРОШИМЕ. СИТЕ ВОЛОНТИРАМЕ ВО ПАРТИЈАТА, НЕ ЗЕМАМЕ ПЛАТА.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговара и на прашањето кое неколку пати му е поставено од СДСМ, односно дали е точно дека од еден бизнисмен добиле средства за кампањата.