Мицкоски нема да оди на лидерската средба со Заев

125

Не гледам причина да присуствувам на лидерската средба која ја побара Заев, рече на денешната прес-конференција лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Не ја гледам потребата од присуство на средба на која ќе се разговара за се, а нема да се разговара за тоа што и треба датум на Македонија за предвремени избори. Тоа е така затоа што и покрај оние стенд-ап настапи во Владата и покрај она себехрабрење кое го кажува Заев дека е подготвен да излезе секогаш на избори, самиот тој е соочен со сопствениот страв од дебакл на такви избори, а потоа како што напишав во една колумна, секој што си дробел тоа и ќе си срка –  истакна Мицкоски.

Тој, потенцираше дека работни групи од ВМРО – ДПМНЕ, работат со работни групи од СДСМ по повеќе прашања, односно по трите теми кои ги предложил премиерот Заев за лидерската средба.

Тој истакна дека по трите прашања работните групи имале дијаметрално противни ставови.