Мицкоски на средба со челни луѓе од германската економија, размена на идеи за економската програма на ВМРО-ДПМНЕ

133

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Трајко Славески продолжуваат со посетата на Берлин, Сојузна Република Германија и учество на програмската конференција организирана од Конрад Аденауер Штифтунг и владеачката партија ЦДУ.

Во текот на денешниот ден Мицкоски и Славески учествуваа на конференцијата организирана од економскиот совет на ЦДУ и фондацијата Конрад каде се разговараше за економските потенцијали за развој, европските интеграции и развојот на Европа и регионот на Западниот Балкан.

Конференцијата ја водеше Астрид Хамкер, претседателка на економскиот совет на ЦДУ, а говореа и д-р Волфганг Шојбле, претседател на германскиот Бундестаг и поранешен министер за финансии на Германија, Роланд Кох министер претседател на германската покраина Хесе и претседател на надзорниот одбор на UBS Europe, Мамфред Вебер шеф на парламентарната група на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент и Ралф Хамерс извршен директор на ING Group.

Присуството на Конференцијата и билатералните средби со учесниците од неа, претседателот Мицкоски ги искористи за преставување на идеите од економската програма на ВМРО-ДПМНЕ која е во фаза на изработка, дискутирање за германското искуство во реализацијата на различните идеи и проекти, и отворање на канали за соработка со преставниците на германската економија. Воедно средбите беа корисни и законтакти за потенцијални германски инвеститори кои би препознале во блиска иднина потенцијал за соработка со Република Македонија.

Разговорите Мицкоси ги искористи за размена на мислења со едни од главните двигатели на германската економија, исклучително корисни во креирањето на економската програма на ВМРО-ДПМНЕ, развојот на политичките односи и давање на сеопфатна понуда пред граѓаните на Македонија користејќи ги најдобрите практики на германската економија и општество.

Ваквите средби продолжуваат и во втората половина од денот каде Христијан Мицкоски и Трајко Славески ќе учествуваат на тркалезната маса посветена на сратегиите и развојот на земјите во транзиција, каде свое обраќање ќе имаат и Фредерих Мерц извршен директор на Black Rock за Германија, Џо Каесер Извршен Директор на Сименс, а ќе учествуваат и на панел дискусијата каде ќе се разговара за рамката за стабилизација на Европа каде ќе се обратат Питер Алтмаер федерален министер за економија и буџет и Гутхер Отингер Европски комесар за буџет и човечки ресурси.

Во текот на денот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во германското МНР оствари средба со Христијан Хелбах специјален претставник за Југоисточна Европа на германското министерство за надворешни работи.

На средбата се разговараше за политичко економската ситуација и за европските интеграции на земјава.Претседателот Мицкоски го повтори својот став дека граѓаните не заслужуваат да бидат казнети поради неисполнувањето на реформите, корупцијата и криминалот стимулирани од Владата, и во насока на зацврстување на европската иднина на земјава потребно е да се додели датум за преговори. Тој посочи дека државата и граѓаните не смеат да бидат заложници на штетните политики на премиерот Заев и неговата Влада.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ