Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците

27

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие сте тие што ќе одлучувате, Иловица и Штука, рече лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски на средбата со граѓаните што се одржа во селото Иловица, во општина Босилово.

Пред граѓаните ја образложи програмата на неговата партија за претстојните избори и притоа истакна дека во неа можат да се најдат многу проекти кои се грижливо подготвени и ги нудат на граѓаните.

Мицкоски зборуваше и на други теми, а поголем дел од своето обраќање го посвети на СДСМ, за кои рече дека нивната последна победа била пред 18 години, а и до наредната ќе чекале уште четири години.

Средбите со граѓаните на Коалицијата за „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва продолжуваат во општинските центри Босилово и Ново Село.