Мицкоски:Гоце Делчев и јазикот се македонски

126

Oна што е добро и коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани и Македонија, ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со средбата  со бугарскиот премиер Бојко Борисов. По средбата Борисов објави видео кое тој го објави на неговиот профил на социјалните мрежи, а се однесува на договорот кој Македонија го има потпишано со Бугарија.

-Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично поддржувам сè што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме конструктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отворање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она што значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија.

Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција која се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го поддржам и никогаш нема да го поддржам, македонскиот јазик е кодифициран и меѓународно признат 1977 година тука немаме дилеми ниту пак јас ниту пак ВМРО-ДПМНЕ.