Мицевски: Првпат по пратенички прашања се закажува нова седница

36

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска обвини, за како што рече, нов преседан и скандал на власта бидејќи првпат во историјата на Парламентот се закажува седница веднаш по завршувањето на седницата за пратенички прашања.

Во Собранието за вечерва е закажано продолжение на 75. седница на која на дневен ред е законот за продолжување на рокот за пензионирање на судиите.

-Досега невиден скандал е што закон кој предизвика инцидент за време на комиската расправа, сега на шверцерски начин, полутајно и на сила се турка да помине веднаш по седницата за пратенички прашања. Одговорот зошто власта и претседателот на Собранието Џафери прават ново насилие во Собранието и зошто им се брза со законот, е поради тоа што јавна тајна е дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители кои носат партиски и политички одлуки диктирани од криминалното двојство СДСМ-ДУИ. Со овие обвинители и со овие судии СДСМ-ДУИ го штитат сопствениот криминал, и изработуваат политички монтирани процеси против опозицијата, рече Мицевски.