Михајло, синот на Шабан Шаулиќ, за свадбата искеширал 70 илјади евра – мама Гоца од радост постојано плаче

220

Тато Шабан Шаулиќ, кралот на фолк-музиката бил вреден, па за време на својот пејачки живот оставил огромно богатство за своите деца. Во тоа богатство оваа недела ќе ужива, пред сè неговиот наследник, синот Михајло. Тој се жени, а за свадбата ќе потроши според слободна проценка на угостителите околу 70 илјади евра. На свадбата се очекува да присуствуваат околу 400 гости. Идната брачна двојка сватовите ќе ги почести со најскапото мени за храна и пиење кое изнесува неверојатни 120 евра по лице.

-Марина и Михајло се многу нестрпливи да започне прославата, велат нивните пријатели. Сè е подготвено, сè е убаво организирано. Невестата ќе носи две венчаници. Едната ја нарачала од странство на која се чека да дојде, додека другата е дизајнирана во Србија. Истиот дизајнер го креирал и свадбениот костум на младоженецот.

Михајло вели, дека само за венчаницата на сопругата искеширал околу 20 илјади евра. На свадбата ќе бидат присутни навистина голем број популарни пејачи, со оглед на тоа дека татко му Шабан беше еден од ретко омилените на естрадата. Весела е и мама Гоца, која не може да ги задржи солзи радосници, па криејќи се од синот Михајло да не ја види како плаче, изјавува дека воедно и е застаната кнедла во грлото. Затоа што на свадбата на синот ќе го нема Шабан, кој цел свој живот пеел пред сè поради нивни деца на кои сега по неговата смрт (во сообраќајна несреќа) им останува да уживаат во тоа неговото материјално богатството.

Инаку, за оние кои не знаат, Михајло беше некое време генерален конзул на Република Србија во Швајцарија. Пред тоа беше и помошник во кабинетот на министерот за инфраструктура и енергетика. Зборува италијански, германски и англиски јазик и важи за способен и амбициозен човек од високите кругови на српското општество. Има зад себе една медиумска афера со разведена жена, која брзо се заборави, бидејќи тој се покаја и се врати на својата сакана. Карактерно ни најмалку не е арогантен, препотентен, туку сосема народен човек, каков што беше и татко му Шабан Шаулиќ.  (Д.М.) фото: Инстаграм/Јутјуб