Американската скијачка Микаела Шифрин изјави дека сака да настапи во сите пет дисциплини на Зимските олимписки игри во Пекинг. Шифрин, која има 26 години, ја имаше истата цел на последните Игри, но не одеше се како што таа сакаше.

  • Нешто за што сонувам е да се натпреварувам во сите пет дисциплини во Кина. Тоа значи дека треба да поминам низ силни подготовки, ментално да се подготвам за се. Ќе бидеме таму три недели. Морам да се сконцентрирам, тактички и физички, рече скијачката од Колорадо.

Таа има три олимписки медали, од кои два златни.