Митрески: Предвремени избори нема да се случат, парламентарното мнозинство е стабилно, може само да расте

61

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, вечерва изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно, дека предвремени избори нема да се случат и дека мнозинството може само да расте.

-Тоа прашање цело време го отвора Мицкоски веќе три години, од конститутивната седница па наваму, тврди дека овој парламентарен состав нема да трае долго, дека ќе следуваат брзи избори, па најавуваше ново мнозинство, па распуштање на Собранието. Таа реторика ја користат исклучиво за внатрепартиски цели, и тоа, во период од три години постојано се демантира. Еве и јас го демантирам денеска, предвремени избори нема да се случат, нема да има ново мнозинство, нема да има намалување на актуелното мнозинство, мнозинството може евентуално да расте, рече Митрески во емисијата 10 минути на ТВ 21.

Тој додаде дека вратата е отворена за сите политички партии кои се за европскиот пат.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ посочи дека пред нас е период во кој што пратениците, а особено оние од ВМРО-ДПМНЕ треба да размислат во кој правец ќе ги носат одлуките, односно во кој правец ќе ја носат државата со своите одлуки.