Nikola Mitrevski FC Porto HANDBALL : Paris Saint-Germain HB vs FC Porto - EHF Champions League - 8eme journee - 26/11/2020 KevinDomas/Panoramic PUBLICATIONxNOTxINxFRAxITAxBEL

Голманот на македонскта ракометна репрезентација Никола Митревски, кој го брани голот на Порто, го доби признанието за најдобар голамн во 2021 година, во Португалија.

Во конкуренција со голамните на Бенфика, Сергеј Ернандес и Густаво Капдевил, како и чуварот на мрежата на Спортинг, Мануел Гашпар, Митревски доби најмногу гласови во интернет гласањето кое беше спроведено од специјализираниот спортски портал за ракомет во Португалија – 7 Метрос.

Македонецот освои 1768 гласови од вкупно 3387, а неговите конкуренти заедно имаа 1619 освоени гласови.