Митревски одличен, Порто поразен од Динамо Букуреш во ЛШ

127

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Никола Митревски, имаше одлична партија,но ниту тоа не помогна неговиот Порто да победи на гостувањето кај Динамо Букурешт . Португалскиот тим  се врати без бодови од романската престолнина, бидејќи го загуби натпреварот со 32:27.

Португалците одиграа егал во првиот дел, бркаа негатива и често имаа позитивен скор во Букурешт. На пауза се замина со минимално водство на Динамо од 13:12. Сепак, во вториот дел домашната екипа беше подобра на теренот иако Порто не дозволуваше домаќинот да направи разлика поголема од еден гол. Но, се се смени во финишот од мечот кога Динамо, успеа да се одлепи и не дозволи трилер завршница по што го запиша првиот триумф во елитното натпреварување, додека Порто го забележа четвртиот неуспех.

Митревски го заврши натпреварот со двоцифрен број интервенции, вкупно фати десет удари. Али Зеин ја предводеше екипата на Динамо до победата со десет реализации, додека Џек Турин со осум беше најефикасен во таборот на Порто.

Целје Пивоварна Лашко на домашен терен загуби од францускиот Нант со 35:24.  Словенечкиот тим немаше сили за сензација, одигра под нивото и лесно капитулира пред Французите.

Ракометарите на Веспрем ја запишаа четвртата победа во Лигата на шампионите, откако славеа  над ГОГ Гудме со 30:31. Иако Данците пружија одличен отпор, немаа сили за изненадување и го положија оружјето пред великанот.

Кентин Мае со девет реализации беше најдобар во таборот на Веспрем, додека Олсен се истакна кај домашните со осум. Голманите блескаа на двете страни, Тулин од ГОГ Гудме заврши со 15 интервенции, а една помалку забележа Родриго Коралес.