Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, е првиот градоначалник кој во историјата на Југоисточна Европа го добил ова престижно признание, кое се однесува на сплотување на Балканот. Ова светско признание го доби за 2022 година од Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа, а му го врачи Јордан Плевнеш, кој е и претседател на Академија Балканика Еуропијана. Ова е големо признание за неговиот роден град Кавадарци и за него лично како бизнисмен и градоначалник, особено што е рамо до рамо со најуспешните од регионот – актери, културни работници, истакнати личности од областа на економијата

 

 

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, е прогласен за личност на Југоисточна Европа во областа на економијата и европеизацијата на Балканот, а Кавадарци е центар на културата. Ова светско признание го доби за 2022 година од Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа. Јанчев е првиот градоначалник во историјата на Југоисточна Европа кој добил вакво престижно признание, како едно од признанијата што се однесуваат на сплотувањето на Балканот.

Како што информираат од Општина Кавадарци, наградата доаѓа од меѓународниот филмски фестивал во кој се вклучени 15 европски држави, а од минатата година за првпат се одржа и во Вашингтон, САД, во организација на неколку интернационални универзитети.

Градоначалникот на Кавадарци вели дека е горд што со наградата е рамо до рамо со најуспешните од регионот – актери, културни работници, истакнати личности од областа на економијата. Наградата му ја врачи официјално Јордан Плевнеш, кој е и претседател на Академија Балканика Еуропијана.

-На овој начин му се дава признание и на градот, но и на македонските историја и култура – вели Јанчев.

Според него, секој човек може да успее во својот живот доколку има реални и оптимални мисли, иако бизнисот, економијата и семејството се пред сè. Секој ден за него треба да се троши продуктивно.

-Носител на наградата „Еуропа Прима“ е српскиот режисер, актер и продуцент  Драган Бјелогрлиќ, кој нè удостои со своето присуство и е наш гостин во Кавадарци – изјави градоначалникот на Кавадарци, Јанчев, на официјалното доделување на наградите во родниот град Кавадарци.

Изборот годинава се реализирал онлајн,а покровител на оваа манифестација е Министерството за култура на Франција, каде што сите учесници од 15 земји ја виделе ексклузивно репортажата за Кавадарци и за „Кожувчанка“.

Јанчев наскоро, заедно со Бјелогрлиќ, од Бордот на директори ќе биде прогласен и за академик на Академија Балканика Еуропијана, чиј претседател е токму Јордан Плевнеш.

(В.Ма.)