Актуелниот Мистер Олимпија, Шон Роден, се најде во центарот на најголемиот скандал во историјата на бодибилдинг натпреварувањето и најверојатно неговата голема кариера ќе заврши многу лошо.

Според извештаите од надлежните Шон е обвинет за силување и тоа за случај кој датира од  октомври минатата година, само месец дена откако ја стекна титулата најдобар во целиот свет.

За овој чин е обвинет од страна на неговата штитеничка на која и беше ментор и која во обвинението наведе дека на 12 октомври минатата година по завршувањето на шампионатот, во хотелот во кој отседнале била силувана. Станува збор за мажена жена која според наводите на полицијата повеќе пати рекла дека не сака да има секс со Роден и колку што можела пружила отпор.

Сопственикот на комерцијалните права на Мистер Олимпија – Медиа ЛЛЦ, Давид Пекер, набрзо по обвинувањето му го одзема правото на Шон да се натпреварува на Мистер Олимпија во 2019 година, но нема да смее да се натпреварува на истиот настан и во наредните години.

Иако се работи за обвиненија кои допрва треба да се докажат, за ветеранот Шон Роден (44), најверојатно ова е крај на кариерата.