Мистериозна космичка бура ја погодува Земјата на секои илјада години

160

Истражувањето покажало дека годовите прстени во стеблата на дрвата може да биде запишана историјата на бомбардирања на Земјата со космички зраци.

Поточно, кога овие зраци ќе ја погодат нашата атмосфера, тие можат да ги принудат сите атоми на азот што ќе ги погодат, да произведат форма на јаглерод, кој подоцна се апсорбира од растенијата. Поврзаноста на највисоките нивоа на тој изотоп со стеблата на дрвјата може да ни обезбеди сигурен запис за радијациони бури илјадници години наназад во историјата.

Овој запис ни покажува дека најмоќните такви бомбардирања, познати како настани на Мијаке (по научникот кој ги открил), се случуваат приближно на секои илјада години. Научниците сè уште не знаат што ги предизвикува, а најновата студија покажува дека водечкото објаснување, она за сончевите блесоци, можеби всушност не држи вода.

А, без едностава и сигурна можност за предвидување на овие потенцијални разорни настани, ќе настане сериозен проблем.

„Треба да знаеме повеќе бидејќи ако нешто такво се случи денес, целата технологија ќе биде уништена, вклучувајќи сателити, интернет кабли, далноводи и трансформатори. Последиците за глобалната инфраструктура би биле незамисливи“, рече астрофизичарот Бенџамин Поуп од Универзитетот во Квинсленд во Австралија.

Историјата на космичките бури може да се дешифрира со следење на радиоактивниот изотоп на јаглеродот (јаглерод-14), кој често се нарекува радиојаглерод. Во споредба со другите природни изотопи на јаглерод на Земјата, радиоактивниот јаглерод е релативно редок. Се формира само во горниот дел од атмосферата, кога космичките зраци се судираат со азотни атоми, предизвикувајќи нуклеарна реакција што создава радиоактивен јаглерод.

Бидејќи космичките зраци постојано се судираат со нашата атмосфера, имаме постојана, но многу мала количина на материјал што паѓа на површината. Еден дел од него останува заробен во годините. Бидејќи дрвјата создаваат нов прстен секоја година, можеме да ги следиме нивоата на радиоактивен јаглерод низ историјата.

Големото зголемување на радиоактивниот јаглерод пронајден во стеблата низ светот значи дека во одреден момент имало зголемување на нивото на космичкото зрачење. Постојат неколку механизми кои можат да предизвикаат таков настан, а еден од нив се соларните изливи, пишува Science Alert.