Bohemian Rhapsody, We Are The Champions и други песни на групата „Квин“ спаѓаат во најпознатите хитови на рок музиката во историјата. Единствениот глас на Фреди Меркјури, пејачот на групата, го препознаваат многумина, уште на првиот такт не било која од песните.

Со новата алатка, преку алгоритми на „Гугл“ можете да пробате да запеете како Фреди, и да дознаете колку сте блиску до гласовните можности на славниот пејач.

FreddieMeter е нова страница зад која стои „Гугл“ и славната група, како и неколку издавачи. Тука едноставно можете да ги запеете некои од хитовите на „Квин“, а алгоритам во позадина ќе ги анализира деталите на вашиот глас и ќе ги спореди со Фреди. Ќе добиете резултат на скалата од 0 до 100.

Од „Гугл“ напоменуваат дека тука можете да го вежбате вашиот глас, а снимките не се испраќаат на никаков сервер.

Целата приказна има хуманитарен карактер, бидејќи низ оваа страница се поттикнуваат луѓето да донираат за Меркјури Феникс, која се бори против ХИВ и АИДС.