Мисајловски од Куманово: Обнова за спортот, инфраструктурата и бизнисот

25

Носителот на листата од ИЕ2 од ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денеска во Куманово оствари средба со спортски работници во градот. Мисјаловски истакна дека разговараат со највлијателни луѓе од различни сфери на живеењето и ја презентираат програмата која нуди проекти за секој граѓанин.

-Драго ми е што денеска, освен кандидатите за пратеници со мене е и Борко Ристовски, еден од најуспешните луѓе во спортот во Македонија, заедно со него ќе разговараме за спортот, бидејќи за спортските работници треба да зборуваат спортистите, не само политичарите и најдобро е кога имаме вакви успешни луѓе да ни помагаат, истакна Мисајловски.

Тој рече дека му е чест што со кандидатите за пратеници разговара со највлијателните луѓе од спортот, музиката, културата, здравството, со цел како што истакна да дојде обновата во Македонија во сите сегменти, инфраструктура, уметноста, спортот.

Мисајловски информираше дека денеска заедно со кандидатите за пратеници од оваа листа разговарале со чевларите, занаетчиите на кои им ја презентирале програмата. Занаетчиите и чевларите се интересирале за минималната плата, растот на платите и како ќе се спроведе во наредните четири години.

-Добро е сите бизниси, сите бизнисмени да ја погледнат нашата програма и да се пронајдат во таа програма, бидејќи во секој сектор нудиме добри решенија-рече Мисајловски.

Носителот на листата ги повика кумановци да им ја дадат поддршката и на 15-ти јули да излезат масовно и да го заокружат бројот 14.