Сопругата на швајцарскиот тенисер, Роже Федерер, Мирка, во минатото имала премногу бурен љубовен живот.

Мирка долг период ја криела тајната дека во младоста била верена за богат арапски султан. Кога го запознала Роже, била вереница на султанот, но тоа го криела од Швајцарецот. Дури кога сфатила дека е вљубена во тенисерот, се разделила од султанот, а Федерер истото го дознал неколку месеци подоцна.

Оригиналното име на Мирка е Мирослава Вавринец. Таа е родена во Словачка во 1978 година, а кога имала две години нејзините родители емигрирале во Швајцарија. Поради легендарната тенисерка Мартина Навратилова, која ја наговорила, започнала да се занимава со „белиот“ спорт, но никогаш не освоила некои позначајни резултати. Од својата кратка тениска кариера може да се пофали само со три ИТФ титули, а најдобриот пласман го имала во 2001 година, кога била 76 тенисерка на ВТА листата.

Мирка и Роже се венчаа во април 2009 година на приватна церемонија во Базел. Имаат четири деца, два пара близнаци, ќерките Мила и Шарлен и синовите Лео и Лениј.

Федерер е и рекордер по бројот на грен слем титули. Тој досега има освоено 20 трофеи од големите натпреварувања, а пред неколку дена загуби во финалето на Вимблдон од Србинот Новак Ѓоковиќ.