Бидејќи е сезона на праски, со подготовка на овој десерт сигурно нема да згрешите. Слатки половинки од праски, сервирани со сладолед се совршени за летен десерт. Секој залак од овој сочен десерт ќе ги разбуди сите ваши сетила.

За подготовка на овој десерт ќе ви бидат потребни околу половина час, а состојките се доволни за 8 лица:

Потребни состојки

  • 4 лажици презла
  • 4 лажици стопен путер
  • 2-5 лажички цимет (по ваш вкус)
  • 2 лажици мед
  • 1 ванила или екстракт
  • 4 зрели праски
  • сладолед од ванила

Начин на подготовка

Измијте ги и исчистете ги праските. Извадете им ја семката. Рерната загрејте ја на 250 степени. Ставете хартија за печење на тавата и посипете го дното со презла. Печете ја додека не се зацрвени, 15 минути.

Во тава ставете путер и оставете да се стопи. Мешајте да не загори, се додека не добие златна боја. На стопениот путер додатете му ги медот, ванилата и симетот. На тава испечете ги праските, а потоа прелијте ги со смесата од путер, мед, ванмила и цимет. На врвот ставете по една топка сладолед од ванила и посипете ги со печена презла.

Уживајте во вкусот!