На прагот на есента кога јаболките се сè поприсутни на нашата трпеза, убаво ќе се засладите, а нема да потрошите многу време за подготовка на овој колач. Неверојатно е вкусен и едноставен и вреди да се проба.

Потребни состојки:

гриз 1 чаша (од 250 мл)

брашно (остро) 1 чаша

шеќер 1 чаша

прашок за пециво

ванилин шеќер

рендани јаболки по потреба и желба (околу 7-8 со средна големина)

цимет (по желба)

путер

Во длабок сад ставете ги сувите состојки и измешајте ги. Дното на тавата во која ќе го печете колачот намачкајте го убаво со путер за да не загори колачот. Ставете дел од сувата смеса (претходно поделете ја на четири еднакви дела). Потоа ставете 1/3 од ренданите јаболки (измешани со цимет по желба). Над нив повторно ставете од сувата смеса и постапката повторете ја додека имате од состојките за колачот.

На крајот над колачот нарендајте путер со кој ќе ја покриете содржината на тавата. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути, потоа намалете на 180 степени, и запечете го колачот уште 10-тина минути.

Уживајте во фантастичниот вкус на колачот!