„Мирисот на ајкулата“ – ново прозно остварување на Димитар Пандев

70

Излезе од печат најновото прозно остварување на Димитар Пандев насловено „Мирисот на ајкулата“, во издание на Матица македонска.

Книгата содржи возбудливи раскази за поновата македонска историја и е исполнета со галерија ликови значајни за македонската јавност.

Според Бобан Карапејовски, тоа се „раскази и за измислените авети, чие име во деминутив и потсет кон природата не може да се заузди, па тоа ги прави гротескно страшни, потсмешливо заканувачки и страшно смешни“.

За Славе Ѓорѓо Димоски „Мирисот на ајкулата“ се одликува со „филигранско раскажувачко мајсторство“, а според Бојан Петревски оваа книга „фрла интензивна книжевна светлина на разнострани димензии на некогашноста.“

Димитар Пандев, роден во 1958 во Охрид, e професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Со свои реферати активно учествувал на голем број научни собири, симпозиуми и конгреси, пред сè, од областа на славистиката. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Активно се занимава со литературна дејност, особено со литературна критика, но и со проза како и со осовременување и издавање на стари текстови и со превод. „Мирисот на ајкулата“ е петта негова прозна книга.